top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Не кратете ни ги крилјата уште на почеток“ – џезерите им одговорија на класичарите, кои не сакаат д

„Не кратете ни ги крилјата уште на почеток“ – џезерите им одговорија на класичарите, кои не сакаат да ги делат со нив салите во ФилхармонијатаЖивотот е прекраток за да ни минува во чудесни расправии и исправање превртени разговори и неосновани размислувања. Ајде да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен. Ваква е пораката на Оркестарот за џез-музика по негодувањата на класичарите од Македонската филхармонија за споделување на просториите и салите во објектот за музицирање.

По вчерашната прес-конференција на Филхармонијата, од каде што порачаа дека ќе протестираат ако џезерите останат со нив под ист покрив, Оркестарот за џез-музика преку допис до медиумите нагласи дека се уморни од целата оваа драма бидејќи ваков начин на комуникација не им е својствен.

„Наместо да почнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или рекла – кажала муабети, вокабулар што не им прилега на академски граѓани или уметници од висок ранг. Во Скопје во моментот постојат две концертни сали, кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нашиот оркестар. Тоа се МОБ и Филхармонијата. До оној момент додека не се појави нова концертна сала, ние ќе мора некаде да ги одржуваме нашите проби и концерти“, велат од џез-оркестарот.

Од тука повторија дека со нивната работа нема да се наруши комодитетот на кој било од вработените во Филхармонијата, а впрочем не добиваат ниеден релевантен аргумент дека нивното евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на класичарите.

„Ги повикуваме сите засегнати од оваа т.н. национална културна мелодрама да се однесуваат достоинствено, колегијално, солидарно, да ги согледаме фактите и да се соочиме со реалната состојба до изнаоѓање конечно решение, како што впрочем и стои во одлуката на Министерството за култура. Ние, како Оркестар за џез-музика, ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонијата нема да биде загрозена од ниеден аспект и во ниеден случај. Со надеж дека овој лош сон ќе заврши набргу и во најбрз можен рок, ќе почнеме со нашата најважна работа – музиката. Музиката секогаш ќе најде начин, но, ве молиме, немојте да ни ги кратите крилјата уште на самиот почеток“, велат од џез-оркестарот.

По вчерашната прес-конференција на Филхармонијата реагира и министерката за култура, која порача дека останува на зборот оти ќе ја исполни обврската да изнајде трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и подмолен начин со полувистини и закани.

Ставот на класичарите е дека зградата била проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар, а секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да може да ги исполнат своите работни обврски. Реално, велат од Филхармонијата, не е возможно да функционираат две национални установи, два оркестра со годишна програма.



0 views

Comments


bottom of page