Не издржа ниту три месеци: Паркер заработи отказ по бламажата во осминафиналето во ЛШ (Фото)
Клуб Бриж беше најпријатно изненадување во групната фаза во Лигата на шампионите и овој тим избори историски пласман во осминафиналето благодарение на тренерот Карл Хефкенс, кој сепак поради слабите резултати во домашното првенство беше променет на крајот на 2022-ра година. Скот Паркер беше назначен за негов наследник на 31-ви декември минатат година, но неполни три месеци подоцна, англискиот стручњак е нова тренерска жртва Клуб Бриж се избламира во двата натпревари со Бенфика во осминафиналето во Лигата на шампионите, а поразот од 5:1 му пресуди на Паркер кој денеска заработи отказ. Белгискиот клуб информираше дека Паркер е ослободен од сите свои обврски во првиот тим, особено поради фактот што екипата не забележа напредок под негово водство. На 12 натпревари како тренер на Клуб Бриж, првиот тим оствари само две победи, а тоа е премалку за тим кој важеше за вистинска сензација во Европа.
Comments