Не застанува: Калин со уште една победа до полуфиналето на турнирот во Србија
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски оствари уште една победа на ИТФ фјучерсот во Куршумлиска Бања, победа со која обезбеди полуфинале на турнирот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.
Ивановски во еден интересен меч кој траеше скоро два часа триумфираше над Хади Хабиб од Либан со 2-0 во сетови. Двата сета беа неизвесни, борбени, решаваа нијасни, па така во првиот нашиот ас по тај-брејкот славеше со 8-6.
Во втората „рунда“ исто видовме надмудрувања на актерите на теренот, ама Калин беше тој што го имаше последниот збор и со 7-5 во гејмови обезбеди место во наредната фаза каде може да се соочи со неговиот партнер во двојки, Олександр Овчаренко.
Инаку нашиот ас и Овчаренко во текот на денот ќе играат за финале во двојки, поточно на нивниот пат стојат Марк Лајал (Естонија) и Бенџамин Лок (Зимбабве)
Comments