Не е само Кристијано: Ди Марија го „измести“ и Брозовиќ
- Aleksandar Santovski
- Jul 21, 2023
- 1 min read
Анхел Ди Марија ја водеше својата Бенфика до нова победа во пресезонските подготовки, но овојпат посебно го привлече вниманието бидејќи си поигра со две големи европски ѕвезди.
Бенфика му одржа фудбалска лекција на Ал Наср во Португалија и славеше со 4:1, а светскиот шампион Ди Марија беше задолжен за најубавите потези на теренот, како и за продавањето финти.
Посебно вирален стана потегот со кој Ди Марија си поигра со Кристијано Роналдо, но во реалност, не ја поштеди и втората најголемата ѕвезда на Ал Наср.
Марсело Брозовиќ направи голем трансфер во Саудиска Арабија на стартот на летниот преоден рок, а вчера изгледаше смешно во дуелот кој го имаше со Ди Марија.
Анхел прелесно се ослободи од Хрватот и постигна мајсторски гол за 1:0, па во сеирот на социјалните мрежи не остана поштеден и поранешниот играч на Интер.

Comments