top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Не гледај нагоре“: трагикомична сатира со ѕвезден кастинг

Филмот на Адам Мекеј, „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up), доаѓа спакуван со премиса типична за многу холивудски филмови за глобална природна катастрофа: џиновска комета се движи кон Земјата за да предизвика апокалиптично уништување. Тоа е вид заплет веќе виден во други вакви филмови – од „Армагедон“ и „Длабок удар“ до неодамнешниот „Гренланд“ со Џерард Батлер. Она што е поинакво од другите вакви филмови е дека Мекеј ова го претвори во сатира, онаа што го нагризува нашето време и особено одекнува во ерата на Ковид-19. Научнофантастичен филм со Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс во главните улоги како двајца астрономи што се обидуваат преку медиумите да го предупредат човештвото за комета што ќе ја уништи Земјата има ѕвезден кастинг. Оскаровката Мерил Стрип е претседателка, која заедно со својот син и со шефот на кабинетот, Џона Хил, е смешно рамнодушна кон опасноста. Актерската екипа со ѕвезди од т.н. А-листа вклучува имиња како Тајлер Пери, Кејт Бланшет, Тимоти Шаламе, Роб Морган, Аријана Гранде, Скот Мескуди, Мајкл Чиклис, Мелани Лински, Крис Еванс и други. Филмот имаше лимитирано прикажување во кината од 10 декември пред да се емитува на „Нетфликс“ почнувајќи од 24 декември.


4 views

Comments


bottom of page