top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Не e време за умирање“ досега заработи над 600 милиони долари

03.11.2021 Noemvri Sreda

Новиот филм за Џејмс Бонд продолжува да се држи силно на конкурентниот пазар. Изминатиов викенд, во кој се славеше Ноќта на вештерките, предизвика повеќе од добар страв, бидејќи 25. филм за 007 во продукција на „Ем-џи-ем“ и „Јуниверзал“ надмина 600 милиони долари на киноблагајните во светски рамки. Ова последно излегување на Даниел Крег како Бонд, кое доби навистина добри критики и благо разочарувачко отворање во САД, главно го постигна овој подвиг изминатиот викенд со премиерното прикажување во Кина. Во својот прв викенд, „Не е време за умирање“ на кинеските киноблагајни заработија околу 28,2 милиони долари, што е трето по големина отворање за холивудски наслов во Кина оваа година.


2 views

Comments


bottom of page