НБА сезонава слави 75-годишнина
18.10.2021 Oktomvri Ponedelnik
КОШАРКА
Прославата на 75-годишнината на кошаркарската НБА-лига ќе трае во текот на целата сезона 2021/2022. Историската сезона ќе се одбележува како „НБА 75“ и од утре до четврток ќе биде објавен список со 75-те најголеми играчи во историјата на лигата. „НБА 75“ е кулминација на големи играчи, извонредни моменти и исклучителни тимови. Во текот на целата сезона, лигата ќе прикажува 75 класични натпревари за да ги прослави тимовите, играчите, тренерите и моментите што дефинираа 75 години НБА-кошарка. Лигата подготви и комеморативно лого на сезоната на 75-годишнината на НБА. Новото лого е нова верзија на иконскиот идентитет на лигата, базиран на класичниот симбол на 75-годишнината – дијамантот. Како дел од „НБА 75“, за прославата на лигата, НБА ги избра Клајд Дрекслер, Меџик Џонсон, Боб Петит, Оскар Робертсон и Дирк Новицки, како амбасадори за сезоната 2021/2022. Претставувајќи различни епохи од историјата на лигата, амбасадорите ќе се појават во текот на сезоната на 75-годишнината и ќе имаат значајно присуство на НБА олстар-мечот во 2022 година во Кливленд. Најсилната кошаркарска лига на светот почна да се игра во сезоната 1946/47, а прв првак е Филаделфија вориорс (сега Голден Стејт вориорс). Новата сезона почнува утре (в среда според средноевропско време) со мечевите Милвоки – Бруклин и ЛА лејкерс – Голден стејт).
Comments