НБА лигата го суспендираше Ембид поради напад на новинар
06.11.2024 Noemvri Sreda
Џоел Ембид е главна ѕвезда во редовите на Филаделфија, но по поразот од Мемфис, американскиот репрезентативец со потекло од Камерун стана топ тема поради пожесток инцидент со познат новинар.
Како што јавија угледните медиуми од САД, Ембид вербално и физички го нападнал Макрус Хејс за неговата последна колумна, текст во кој новинарот пишувал за слабата форма на Џоел по Олимписките игри во Бразил, но и за неговиот трагично починат брат и новороден син.
Ембид пред сите во соблекувалната тргнал физички да се пресмета со новинарот и дури му се заканил со доста повисок тон, а иако следеше извинување од новинарот, оној кој минува со казна е кошаркарот.
НБА лигата реши да го суспендира Ембид на следните три меча, а тоа се дуелите со ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс и Шарлот.
„Сиксерси“ досега остварија само една победа на првите шест меча во НБА лигата, па јасно е дека на следните три ќе им биде уште потешко без Ембид.
Comments