НБА лигата го намали периодот на изолација на вакцинираните кошаркари
Раководството на НБА лигата реши да ги олабави мерките предвидени во здравствениот протокол поради ковид-19 пандемијата.
Фактот што голем број кошаркари и тренери постојано се надвор од конкуренција поради коронавирусот ја натера НБА на ревизија на правилото кое бараше пауза од 10 дена на заразените.
Во иднина кошаркарите кои се вакцинирани, но со позитивен тест, ќе треба да бидат неактивни 6 дена, а одлуката е базирана на одлуката на американските здравствени власти да ја намалат изолацијата од 10 на 5 дена за асимптоматските случаи.
Американците се убедени дека заразените лица по шест дена не можат да заразат друго лице, а тоа ќе им помогне на НБА клубовите да бидат покомплетни на натпреварите.
Само во декември 170 кошаркари и 6 главни тренери влегле во протоколот, а комесарот на лигата Адам Силвер потврдил дека за 90 проценти од случаите одговорен е сојот омикрон.
Останува опцијата кошаркар, тренер или судија да излезе од изолација и со два негативни теста.
Comments