top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

НБА ги одреди казните за инцидентот кој го предизвика Јокиќ

НБА лигата ги одреди казните за инцидентот во кој главни актери беа Никола Јокиќ и Маркиф Морис, а очекувано посериозна е таа доделена на српскиот кошаркар.

Ѕвездата на Денвер доби суспензија на еден натпревар од НБА лигата, додека Морис е казнет со 50.000 долари поради неспортското однесување во дуелот со Јокиќ.

Ова значи дека Јокиќ вечерва нема да игра против Индијана, на дуел на кој Денвер е домаќин, додека Мајами најави пауза и за Морис, но поради повредата на вратот која ја заработил.

Српскиот репрезентативец се изнервира по еден прекршок на Морис и со силен удар од зад грб го испрати членот на Мајами на паркетот по што настана мешаница на теренот.

Во меѓувреме, се вмешаа и браќата на НБА ѕвездите, па по заканата од братот на Морис, стигна одговор и од членовите на семејството Јокиќ.


1 view

Comments


bottom of page