НБА ги избра идеалните петорки
Најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, ги именуваше симболичните тимови за сезоната 2021/22.
Во првата петорка се најдоа: Јанис Адетокунбо (Милвоки), Лука Дончиќ (Далас), Никола Јокиќ (Денвер), Девин Букер (Феникс) и Џејсон Тејтум (Бостон).
Адетокунбо по четврти пат во низа се најде во идеалната петорка, за Дончиќ и Јокиќ ова е трет избор, Букер и Тејтум дебитираат во Топ 5.
Со изборот на Адетокунбо (27 години), Дончиќ (23), Јокиќ (27), Букер (25) и Татум (24), првиот тим „All-NBA“ е целосно составен од играчи на возраст од 27 или помлади за прв пат по 67 години.
Втората петорка ја сочинуваат: Џоел Ембиид (Филаделфија), Џа Морант (Мемфис), Кевин Дурент (Бруклин), Стеф Кари (Голден Стејт) и Демар Дерозан (Чикаго).
Трета петорка е составена од: Карл-Ентони Таунс (Минесота), Леброн Џејмс (Лејкерс), Крис Пол (Феникс), Тре Јанг (Атланта) и Паскал Сијакам
Comments