top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

НБА газдите дадоа зелено светло: Џордан ќе ја комплетира милијардерската продажба

Мајкл Џордан и официјално ќе го зголеми своето богатство и ќе продолжи со извонредните бизниси по крајот на играчката кариера, откако бордот на директори во НБА лигата дозволи да се реализира продажбата на неговиот Шарлот. Популарниот Ем-Џеј договори продажба на оваа франшиза уште на среднината на месец јуни, но за да се запазат сите протоколи во Америка, најпрво целата операција мора да мине и низ Бордот во кој гласаат сите сопственици на НБА клубовите. Во текот на денешниот ден, 29 од 30 газди дале зелено светло за продажбата на Шарлот Хорнетс и истата ќе се реализира во наредниот период, по што Џордан ќе инкасира импозантни 3 милијарди долари. Тоа е речиси 12-пати повеќе од она што го плати пред 13 години кога го купи Шарлот за сума од 275 милиони долари, што е само уште еден доказ за неговата брилијантна бизнис логистика. Нови сопственици на Шарлот ќе бидат Гејб Плоткин и Рик Шнел, кои сигурно ќе имаат за цел да оставарат подобри резултати од оние на Хорнетс под водство на Џордан (само три пати играа во плејофот во 13 години).


2 views

コメント


bottom of page