Најубав гол во првата рунда: Ришарлисон со магија ја потврди победата над Србија (Видео)
Првата рунда на Светското првенство и дефинитивно е зад нас, односно беше затворена со натпреварот меѓу Бразил и Србија во вечерниот термин во Доха.
Нашиот северен сосед немаше сили да се надигрува со „кариоките“ и се предодреди да ги брани почетните 0:0, но во тоа успеа само до 62-та минута кога беше скршен мразот.
Бразил беше подобар и подиректен уште во првиот дел во кој брилјираше Вања Милинковиќ-Савиќ, но уште пожестоко нападна во второто полувреме и доби награда за таквиот пристап.
По еден мини-слалом на Нејмар, Винисиус Жунир биеше кон голот на Вања, а одбиената топка заврши на ногата на Ришарлисон и тоа значеше водство за Бразил на „Лусаил“ стадионот.
Ѕвездата на Тотенхем уште еднаш се покажа како многу важен во тимот на Тите, но 11 минути по првиот гол, режираше вистиснко ремек-дело и со магија ја потврди победата на фаворитот.
Comments