top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најстарата горила во светот го прослави својот 65-ти роденден

Празнична торта со ориз и зеленчук, специјална овошна декорација, многу убави желби – така изгледаше 65-от роденден на Фату, најстарата женка горила што живее во зоолошката градина во Берлин. Нашата дама горила слави роденден и таа е најстарата горила во светот – соопштија од зоолошката градина.

Според чуварите, Фату е многу енергична старица со здрав апетит. Секојдневно сме среќни што таа е со нас и се надеваме дека ќе успееме да прославиме уште еден роденден со неа – вели Кристијан Ост од зоолошката градина во Берлин. Фату пристигна во Берлин во 1959 година под, како што наведува зоолошката, „невообичаени околности“. Имено, морнар ја искористил за да плати сметка во паб во Марсеј, Франција.

Потоа, таа патувала низ цела Европа и на крајот ја купила зоолошката градина во Германија. Се проценува дека имала две години кога пристигнала во Берлин. Гинисовата книга на рекорди во 2019 година ја прогласи Фату за најстарата жива горила во заробеништво, откако умре Труди, горила родена во 1956 година. Според Гинис, горилите обично живеат до 50 години.


1 view

Comments


bottom of page