top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Најсреќниот човек на светот“ прв македонски филм со премиера во Венеција по „Прашина“

Македонскиот игран филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска е селектиран во програмата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција, информираат од Агенцијата за филм на Македонија.

По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми. Филмот на Митевска ќе се натпреварува во неколку категории, меѓу кои најдобра режија и најдобар филм.

Официјалната проекција на филмот „Најсреќниот човек на светот“ е закажана за денеска со почеток во 14.15 часот и на 3 септември со почеток во 13.30 часот.


2 views

Comments


bottom of page