„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска премиерно на 79. Мостра, ќе се натпреварува во прогр
За продуцентката Лабина Митевска, ова е огромен успех за македонската кинематографија. „Речиси после 30 години Македонија е повторно со филм во Венеција. Јас, пред 30 години ја имав таа чест да бидам таму со ‘Пред дождот’, а потоа следната година беше со ‘Прашина’, исто така на Милчо Манчевски, и сега сум со мнозинскиот проект ‘Најсреќниот човек на светот’. Филмот е во натпреварувачката програма ’Хоризонти’ и ќе се натпреварува со уште 18-20 филмови за наградите најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога“, истакна Митевска
Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија и по сценарио на Теона Стругар Митевска премиерно ќе биде прикажан на 79. Мостра во Венеција, со што по речиси 30 години, Македонија со мнозински проект ќе се врати во една од официјалните натпреварувачки програми на најстариот и на еден од најзначајните фестивали на светот што годинава ќе се одржи од 31 август до 10 септември. Психолошката драма, која ќе се прикаже во програмата ’Хоризонти’ и ќе се натпреварува за низа награди, меѓу кои и за најдобра режија, најдобар филм, улоги, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир после војна, а дејството се случува во Сараево. Филмот е снимен на босански јазик, а главните улоги се од БиХ, но и од Македонија. Филмот е базиран на вистинска приказна на коавторката на сценариото Елма Татарагиќ, долгогодишен селектор на Сараевскиот филмски фестивал.
„Еден од најголемите амбасадори на македонската култура е македонскиот филм. Тој продолжува да ниже успеси и да биде рамо до рамо со европскиот и со светскиот филм. Во изминатите години македонскиот филм учествуваше на сите најзначајни фестивали во Европа и светот, но не со фразата ‘битно е да се учествува’, туку освои многу големи и значајни награди на сите овие фестивали. Наш мнозински долгометражен филм, финансиран од Агенцијата за филм и продуциран од еден од најпознатите наши продуценти Лабина ќе учествува на филмскиот фестивал во Венеција. Самата селекција во натпреварувачката програма на Венецијанскиот фестивал за ‘Најсреќниот човек на светот’ е огромен успех, сам по себе. Се надевам дека нема да останеме само на учество, туку ќе успееме да освоиме значајни награди на еден од најстарите фестивали во Европа“, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски.
За продуцентката Лабина Митевска, ова е огромен успех за македонската кинематографија. „Речиси после 30 години Македонија е повторно со филм во Венеција. Јас, пред 30 години ја имав таа чест да бидам таму со ‘Пред дождот’, а потоа следната година беше со ‘Прашина’, исто така на Милчо Манчевски, и сега сум со мнозинскиот проект ‘Најсреќниот човек на светот’. Филмот е во натпреварувачката програма Хоризонти и ќе се натпреварува со уште 18-20 филмови за наградите најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога. Инаку, Теона овој филм визуелно го гледа како кореографска игра“, истакна Лабина Митевска.
Таа се согласи со констатацијата на Лазаревски дека македонскиот филм ниже успеси во последните години. „Македонските филмови и автори имаат што да кажат, имаме оригинални приказни“, додаде Митевска која посочи дека за неа филмот „Најсреќниот човек на светот“ бил една од најтешките копродукции, но дека се надева дека тој ќе го надмине успехот што го постигна „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, со учество на околу 150 фестивали, над 35 награди и со кино-дистрибуција во повеќе од 50 земји во светот.
Инаку, Македонија со продукцијата „Сестри и брат Митевски“ е носечки продуцент на „Најсреќниот човек на светот“, а копродуцентски земји се и Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Белгија и Данска. Буџетот на филмот е 1.450.000 евра, а беше склопен со учество на македонската Агенција за филм со 487.000 евра, но и со поддршка на „Еуримаж“.
Како што посочуваат од продукцијата, филмот се снимал на локации во Скопје во рок од 5 недели, а недела дена во Сараево. Во Скопје најмногу се снимало на една локација – во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. „Локацијата каде што сакавме да снимаме, големата читална беше сосема руинирана. Но ние како филмаџии имаме општествена одговорност, и во соработка и договор со НУБ ‘Св. Климент Охридски’ три месеци работевме и читалната ја подготвивме за филмот, а потоа ја дониравме на библиотеката. Таа читална денес е во функција и голем број студенти ја користат од минатата година“, додаде продуцентката Митевска.
Во филмот главните улоги се на Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во споредна улога е и Лабина Митевска. Останатите улоги ги толкуваат Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. Директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, сценограф е Вук Митевски, костимите се на Моника Лорбер, а шминката на Мојца Горогранц Петрушевска од Словенија. Монтажер на филмот е Пер Киркегард, од Данска, а дизајнер на звукот Ингрид Симон од Белгија. „Најсреќниот човек на светот“ преку францускиот „Пирамид“ е веќе продаден во Франција. (Н.И.Т.)
Comments