top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Најсекси“ атлетичарката на крајот како „турист“ во Токио

Алиса Шмид, германската атлетичарка која неколку пати од медиумите беше прогласувана за „најсекси атлетичарка на светот“, на крајот посетата на Олимпијадата во Токио ја сведе на туризам откако не успеа да влезе во германскиот 4х400 метри тим за трката во петок. Русокосата Шмид не учествуваше во квалификациските трки на 4х400 метри мешано во Токио, во трка во која германскиот тим беше дисквалификувани поради контакт со јамајчанските ривали на патеката, а сега не успеа да влезе ниту во женската штафета 4х400 по тимските квалификации. „Добив многу прекрасни пораки во последните денови, и знам дека сите го очекувавте моето деби на 4х4 штафетата. За жал, по тренинзите и симулацијата на трката не успеав да обезбедам место во тимот. Благодарна сум за поддршката и за љубовта која ја добив и за искуството во Токио“, напиша Шмид на социјалните мрежи.

2 views

Comments


bottom of page