top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најпознатиот филмски фестивал во светот почна со Џони Деп и „Жана де Бари“

Филмскиот фестивал во Кан почна во вторникот, а Џони Деп ѝ се врати на глумата со филмот „Жана де Бари“, каде што ги покажа своите вештини како крал на Франција, Луј Петнаесетти, филм што го отвори славниот фестивал. Кариерата на 59-годишниот холивудски актер е во пад и покрај неговата победа во судењето за клевета минатата година против поранешната сопруга Амбер Херд. Деп, сепак, постепено се враќа и на црвениот тепих на премиерната вечер во Кан ја претстави француската драма за монархот од 18 век, кој се вљубил во проститутка. Претходно, директорот на фестивалот Тиери Фремо им рече на новинарите дека не е заинтересиран за судењето на Деп додавајќи: „Јас сум заинтересиран за актерот Деп“. Фестивалот на француската ривиера, кој ќе трае до 27 мај, вклучува голем број премиери вклучувајќи го „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“, петти и најверојатно последен пат Харисон Форд во улогата на познатиот археолог. Мартин Скорсезе во сабота ќе го претстави својот најнов филм Killers of the Flower Moon („Убијци на цветната месечина“), заедно со ѕвездите Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро. На тој ден публиката ќе ги види и Натали Портман и Џулијан Мур во независниот филм на Тод Хејнс, „Мај декември“. Ѕвездите што ќе појават на црвениот тепих во текот на оваа и следната недела се Бри Ларсон, Ума Турман, Натали Портман, Леонардо ди Каприо, Кејт Бланшет, Шон Пен, Алиша Викендер, Скарлет Јохансон, Кетрин Денев (која го краси годинешниот фестивалски плакат) и Хелен Мирен. Меѓу 21 филм, кои се натпреваруваат за наградата „Златна палма“, има рекордни седум режисерки. Оваа година жирито го предводи шведскиот режисер Рубен Осланд, двократен добитник на „Златна палма“, кој минатата година се закити со главната награда за социјалната сатира „Триаголник на тагата“. Рубен Осланд, претседател на жирито на 76. Кански филмски фестивал, држи филмска клапа додека позира на денот на отворањето.

Мајкл Даглас присуствуваше на церемонијата на отворањето, каде што ја доби почесната „Златна палма“. „Постар сум од фестивалот“, изјави Даглас (78) по стоечките овации. Даглас и Денев официјално го прогласија за отворен фестивалот на Азурниот Брег, каде што присутните ќе уживаат во колосална филмска екстраваганција следните 12 дена.





1 view

Comments


bottom of page