top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најновите археолошки истражувања за древните Словени претставени во Нови Сад

После 25 години од последниот Шести конгрес за словенска археологија одржан во Велики Новгород, минатата недела, од 4 до 10 октомври 2021, во Нови Сад во Србија се одржа Меѓународната археолошка конференција „Словените и нивните соседи во 1 милениум н.е.“. На конференцијата свое учество зедоа над 100 археолози од 17 различни држави, кои ги претставија своите истражувања, сознанија и размислувања во врска со културата на древните Словени и на нивните соседни народи. Македонски претставници на конференцијата беа професорот Никос Чаусидис од Филозофскиот факултет во Скопје, и Игор Ефтимовски, докторанд на Филозофскиот факултет во Скопје. Тие го претставија своето истражување: „Словенски многуглави идоли – распространетост, генеза и значење“, во кое го разгледаа религискиот феномен на многуглави идоли кај Словените во контекст на поширокиот културен ареал на Евроазија. Домаќин на конференцијата беше Музејот на Војводина од Нови Сад, а коорганизатори беа Музејот Ермитаж од Санкт Петербург, Центарот за балтичка и скандинавска археологија од Шлезвиг, Институтот за археологија при Руската академија на науките од Москва, Институтот за археологија при Чешката академија на науките од Прага, Лајбниц институтот за историјата и културата на Источна Европа од Лајпциг и Народниот Музеј од Белград.


0 views

Commenti


bottom of page