top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најнова вест од Франција: Рамос конечно виде светло на крајот од тунелот

ПСЖ е колектив во кој има огромен број на репрезентативци, но оние кои останаа во градот на светлината, денеска за соиграч добија добро познато лице кое изминатиов период минува низ вистинска голгота.

Француските медиуми пренесуваат дека Серхио Рамос полека го гледа светлото на крајот од тунелот, откако добил дозвола да тренира и денеска одработил цел групен тренинг со останатите играчи кои се останати во Париз.

Маурисио Покетино конечно го дочека стоперот на еден тимски тренинг и тоа е неизмерно добра вест за тренерот, но посебно за фудбалерот кој мораше да се изнаслуша секакви шпекулации и гласини во изминатите два месеци.

Последните информации велат дека Рамос ја оставил зад себе повредата на листот која ја обновуваше неколку пати, за што најдобар доказ е одработениот тренинг кој пак е најава за уште подобра вест. Ако работите одат како што треба, набрзо ќе го дочекаме и дебито на Рамос во првиот тим на ПСЖ, кое би требало да се случи по завршувањето на репрезентативната пауза.

Серхио цели четири месеци не дебитираше за ПСЖ откако им се приклучи на „светците“, период во кој пропушти 13 натпревари во Лига 1 и четири во Лигата на шампионите.


4 views

Comments


bottom of page