Најмногу во историјата: Познато зошто Франција доби дозвола да направи дури седум измени во финалето
Во ситуација кога се играше натпревар кој има огромно значење и носи огромен влог, сите фудаблски фанови се фокусираа на најинтересните случувања на теренот, па така во втор план остана еден бизарен податок кој сега доби објаснување од страна на француските и аргентинските медиуми.
Натпреварот на кој видовме шест гола, пенал рулет и незапаметена драма во едно финале на фудбалски мундијал ќе остане во сеќавање и по рекордниот број на направени измени, бидејќи само Дидие Дешамп доби дозвола да направи седум измени.
Според правилата, двајцата селектори имаа право да прават по пет измени и по една плус во дополнителните 30 минути игра, па оттаму се поставува прашањето зошто Дешамп доби дозвола да направи седум.
Малкумина фудбалски фанови го забележаа овој детал од вчерашното финале, но затоа педантните новинари се погрижија да добијат објаснување од ФИФА и истото е поврзано со Адриен Рабио.
Имено, Рабио го напушти теренот во дополнителните 30 минути играч, но неговата измена воопшто не се броела во дозволените шест, а причина за тоа е ударот во глава кој го добил. Во записникот било потенцирано дека Рабио го напушта теренот поради удар во главата, па така Дешамп добил дозвола да направи уште една измена, онаа последната кога Дисаси го замени Кунде.
Comments