top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најмалку 12 загинати на натпревар во Ел Салвадор

ФУДБАЛ – ТРАГЕДИЈА ВО ЕЛ САЛВАДОР

Најмалку дванаесет лица загинаа, а засега е непознат бројот на повредените во човечкото стампедо што се случи на фудбалски стадион во Ел Салвадор, објави салвадорската влада на Твитер. Трагедијата се случила на четвртфиналниот дуел помеѓу клубовите Алијанс и ФАС, на стадионот „Кускатлан“, во главниот град Сан Салвадор. Натпреварот бил прекинат во 16-та минута, откако се создало големо човечко стампедо во главниот дел на стадионот, кој собира повеќе од 44.000 навивачи. – Салвадорската фудбалска федерација длабоко жали за настаните што се случија на стадионот „Кускатлан“. Исто така ја изразува својата солидарност со роднините на загинатите и повредените во овој инцидент – напиша на Твитер Фудбалската федерација на Салвадор. Според тамошните информации, трагедијата се случила откако навивачите на Алијанс се обиделе преку два влеза да влезат на трибините на стадионот. Набрзо потоа вратите на стадионот биле пробиени од навивачите без билети, по што се создал голем метеж на трибините. При тоа многу од луѓето спасот го побарале влегувајќи на теренот. Се стравува дека бројот на загинатите може да биде и поголем, оти има многу повредени навивачи. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page