top of page

Најдобриот тим на СП, Гризман е број еден: Играчите кои покажаа најмногу во првото коло (ФОТО)

Nov 25, 2022
1 min read

Од денеска веќе се играат мечевите од второто коло на Мундијалот за Катар, но како заокружување за тој прв дел добро е да се види кои се асовите кои ја одбележаа оваа фаза која помина.

„Софаскор“ со своите познати методи состави идеален тим во кој највисоката оценка ја доби Антоан Гризман (9) што значи дека тој е МВП на првата рунда.

Нападот го предводат Ришарлисон и Валенсија, покрај Гризман тука се Фернандеш и Сака, Рабио ја покрива средината, додека голманската позиција и одбраната ја сочинуваат Куртоа, Алба, Пресиадо, Алдервирелд и Ловрен.


 
 
 

Comments


bottom of page