Најдобриот играч во НБА финалето „уловен“ како го омаловажува синот на Леброн: Брони нема квалитет за професионално ниво
16.07.2024 Juli Vtornik
Џејлен Браун имаше незаборавна претстава во НБА плејофот и потоа беше избран за МВП во големото финале кое му донесе историска победа на Бостон, па затоа заслужено доби подолг одмор од вообичаеното.
Бостон и Лејкерс играа пријателски меч ова утро како дел од летната лига во Америка, но големото присуство на медиуми направи да видиме и една изјава која сите ја пренесоа во јавноста.
Брони Џејмс беше ангажиран од Лос Анџелес Лејкерс и на стартот на следната сезона првпат ќе гледаме како татко и син играат во ист тим, но пред да дојде до тоа, американските медиуми на големо го доведуваат во прашање квалитетот на Брони.
За да биде уште подраматично, истото го мислат и неколку колеги на Леброн од НБА лигата, а еден од нив е и Браун кој беше „уловен“ во следната конверзација:
– Јас не сметам дека Брони е квалитет за професионална кошарка……. Не верувам во тоа, ќе игра во Лејкерс само поради неговото име……, – вели Џејлен Браун.
Comments