Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации по победата над Ерменија со 0-2 резултат и убедлива победа за Македонија Фото и видео
14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik
Македонската фудбалска репрезентација по добро ќе го памети овој 13-ти октомври, не само поради историската серија од три победи без примен гол, туку и поради фактот што пристигна добар вест и од Торшавн.
По важната победа која ја извојуваа избраниците на Благоја Милевски во Ереван со резултат 0:2, најдобро сценарио за нас беше да очекуваме реми меѓу Фарски Острови и Летонија, а на крајот токму тоа се случи.
ДВете селекции одиграа 1:1 и си поделија по еден бод, епилог кој дефинитивно најмногу и одговара на Македонија кој повеќе од веројатно ќе игра во ранг погоре во Лигата на нации.
Македонија има 10 бода и шест повеќе од Ерменија и Летонија, што значи дека само теорија и чудо може да не остави без првото место во групата.
Нашиот национален тим треба да загуби 0:4 од Летонија и да загуби на домашен терен и од Фарски Острови за да остане без првиот место, сценарио кое секако не е воопшто веројатно со оглед на формата во последните два месеци.
Македонија во безброј варијатни ќе биде прва во групата 4 во Лигата Ц, што всушност носи промоција во Лигата Б во Лигата на нации, но и бараж натпревари за мундијалот.
Еве што им кажа Милевски на Играите по победата видео
Comments