Најголемиот лавиринт во Европа во форма на лего-фигури
21.07.2022 Juli Cetvrtok
Во Северен Јоркшир, Велика Британија, по повод 90-годишното постоење на компанијата „Лего“, изграден е најголемиот лавиринт во Европа во форма на лего-фигура, која е 3.500 пати поголема од вистинската.
– Лавиринтот што се наоѓа на површина поголема од осум фудбалски терени е уште еден одличен начин за семејствата да играат заедно и едвај чекаме сите да го видат дизајнот на лавиринтот одозгора – велат претставници на компанијата „Лего“.
Од висина може да се забележи дека лавиринтот е во форма на препознатлива фигура на лего-робот што пробива ѕид од тули, со зборовите „90 години игра“ додека логото на компанијата е на дното.
Сопственикот на просторот каде што е изграден лавиринтот вели дека лего лавиринтот му е важен бидејќи тој и неговите деца, но и целото семејство ги сакаат лего-фигурините и коцките и дека тие се прашање на живот, а не на возраст. Тој додаде дека компанијата „Лего“ создала и наградна игра во која треба да пронајдете шест лего-фигурини во лавиринтот и потоа да одговорите на неколку прашања, а погодувањето е загарантирано.
Лавиринтот, кој е креација на локалниот фармер Том Петчи и опфаќа 15 хектари, односно осум фудбалски игралишта, е најголемиот и најпосетуван лавиринт во Европа и еден од најголемите во светот.
Составен е од растенија одгледувани од милион зрна пченка засадени во април, а ГПС-технологијата се користи за создавање на патеките на лавиринтот. Џиновската лего-минифигура во лавиринтот е висока над 150 метри и повеќе од 3.500 пати е поголема од вистинската лего-фигура.
Comentários