top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најбогатиот човек на светот нема своја куќа, преспива кај пријатели


19.04.2022 April Vtornik

Милијардерот Илон Маск откри дека нема постојан дом и дека спие на софи кај пријатели и покрај тоа што е најбогат човек на светот.

Говорејќи со Крис Андерсон од конфeренцијата „ТЕД“ во видеоинтервју што се емитуваше во понеделникот, Маск рече дека моментално нема постојан дом и дека престојува кај своите пријатели во заливот во Сан Франциско, во близина на седиштето на „Тесла“.

„Ако патувам во Bay Area, каде што е најголемиот дел од инженерингот на ‘Тесла’, всушност преспивам во резервни спални соби на моите пријатели“, вели Маск.

Маск, чие нето-богатство е проценето на 251 милијарда долари, според „Блумберг“, одговoри на коментарот на Андерсон дека многумина се навредени од концептот милијардери, со оглед на глобалните разлики во богатството. Американските законодавци, како што е сенаторката Елизабет Ворен, исто така, ги критикуваше мегамилијардерите како Маск за нивните релативно ниски даночни сметки.

„Сигурно би било многу проблематично ако трошам милијарди долари годишно за лична потрошувачка, но тоа не е така“, му рече Маск на Андерсон, додавајќи дека тој не поседува јахта и ретко оди на одмор, иако призна дека има личен авион.

„Мојата лична потрошувачка не е висока. Мислам, единствен исклучок е авионот, но ако не го користам авионот, тогаш имам помалку часови за работа“, рече тој, признавајќи дека сепак неговото нето-богатство е огромно.

Коментарите на Маск се негова прва потврда дека нема постојан дом и покрај тоа што е најбогатиот човек на планетава.

„Бизнис-инсајдер“ потсетува дека пријателите на милијардерот веќе многу пати коментираа за неговите штедливи навики.



2 views

Comentarios


bottom of page