Search
Начевски и Николов добија нова задача во ЛШ
- Aleksandar Santovski
- Nov 23, 2023
- 1 min read
Најквалитетната македонска судиска комбинација, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски доби нова задача од ЕХФ и ќе суди натпревар од Лигата на шампионите.
Искусните Николов и Начевски ќе ја делат правдата на средбата од 9. коло меѓу Загреб и Пик Сегед, дуел кој е закажан за 29 ноември од 18:45 часот.
Тоа е натпревар на кој Пик Сегед ќе влезе со три победи во низа од кои две беа над македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Првото соочување во Унгарија (во месец октомври) заврши со тесно славје на домаќините од 27:26.

Comments