top of page

Националниот Џез оркестар ќе се смести во просториите под Опера и балет

Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса и простор. Како што вчера посочи Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, се работи за дел од вкупниот простор од 1448 мтри квадратни под Националната Опера и балет, простор од 475 метри квадратни, за чие соодветно реновирање има и проект и обезбедени средства.

“Овој простор од 475 метри квадратни е со трајно користење на Министерството за култура. Откако беше заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови неминовно траеше неколку недели, Владата, на денешната седница, донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Националната установа Џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и да се сочува државниот имот. Ќе нагласам – иако се работи за државен имот, беше потребно време за комплетирање на документацијата, запазување на сите законски постапки и изготвување на проект за реконструкција и адаптација на просторот, а сето тоа одеше етапно и се разгледуваше на неколку владини седници“, истакна вчера Костадиновска -Стојчевска. Таа посочи дека ова е крај на сите шпекулации и манипулации кои во изминатите три месеци се ширеле во јавноста дека некој сака да земе дел од зградата на Филхармонијата. На филхармоничарите, пак им порача да престанат со протести и да се вратат на нормалниот ритам на работа, а на своите колеги од Џез оркестарот до преселување во новите простории да им овозможат да ги одржат своите генерални проби и концерти во зградата на Филхармонија.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа додаде дека просторот во кој ќе биде сместен Џез оркестарот треба да биде реконструиран до крајот на годината.

“Нареднатра недела ќе го објавиме идејното решение, ќе имаме јавна презентација и се надевам дека бидејќи се работи за обезбедени средства, реконструкцијата ќе започне во најкус можен рок, но и дека можеби веќе до крајот на годината ќе имаме оспособени простории за тие да можат да нормално да функционираат“, посочи Министерката.


 
 
 

Comments


bottom of page