top of page

Националниот џез оркестар со настап со гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона

29.01.2026 Januari Cetvrtok

Националниот џез оркестар со настап со гудачки ансамбл составен од музичари на Националната опера и балет, в петок во 20 часот во Филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона 2026. 

Од Националчниот џез оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика.

Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат изведени негови авторски композиции, како и композиции во авторство на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество на Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано.

Како гостин на вечерта ќе настапи Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина.

Билетите за концертот може да се набават онлајн на https://mktickets.mk/…/national-jazz-orchestra-with…/ и на продажните места на


 
 
 

Comments


bottom of page