top of page
Search

Националната галерија со проектот „Виртуелно ЈАС“ – за подигање на свеста за аутизам

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Националната галерија секоја година се приклучува во одбележување на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам.

„Оваа година, во соработка со Гимназијата ‘Алгоритам’, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема ‘Виртуелно ЈАС’. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата ‘Алгоритам’, како и други училишта кои имаат инклузивни образовни програми и институции кои ги поддржуваат ранливите категории. Тргнувајќи од тоа дека технологијата брзо се развива и станува неопходен дел од нашето живеење, овој проект има за задача да покаже дека компјутерот не прави разлика меѓу корисниците и нуди неограничени можности за изразување“, посочуваат од Националната галерија.

Крајниот резултат од овој дигитален проект ќе биде прикажан преку изложба на сработените дела во Националната галерија, и се охрабруваат што повеќе деца со аутизам да се вклучат и да земат учество во овој проект.

Сработените цртежите се праќаат на е-адресата info@algoritam.mk со наслов „Виртуелно ЈАС“, најдоцна до 20.4.2021 година. На истата е-адреса може да се побараат сите потребни насоки и поддршка.

Информацијата за изложбата ќе биде дополнително обезбедена.


 
 

Comments


bottom of page