top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Научниците пронајдоа „пат до Атлантида“ на дното на Пацификот

Поморските научници на истражувачкиот брод „Ноутилис“ открија пресушено езерско корито што изгледа како „пат од жолта тула“, а научниците биле инспирирани да го опишат како „пат до Атлантида“.

Откритието е резултат на истражување на подводните планини формирани од вулканска активност во областа наречена гребен Лилиуокалани во Тихи Океан, која е дел од заштитеното подрачје наречено Национален споменик на северозападни Хаваи (ПМНМ). За истражувањето, тимот од научници користеше возило на далечински управувач.

ПМНМ се наоѓа северозападно од Хавајските Острови и опфаќа 1.510.000 квадратни километри, вклучувајќи десет острови. Бродот „Ноутилис“ го помина поголемиот дел од минатиот месец истражувајќи ја областа и проучувајќи ги геолошките и биолошките системи на подморските планини.

Видеото објавено на Јутјуб го покажува моментот на истражување на „патот до Атлантида“. Иако формацијата наликува на патека направена од тула, таа всушност е шема на пукнатини на морското дно што е резултат на праисториската активна вулканска геологија. Пукнатините се резултат на стресот предизвикан од загревањето и ладењето поради повеќекратните ерупции на гребенот. Бродот „Ноутилис“ е користен од непрофитната организација „Оушн експлорејшн траст“, која е посветена на истражување на океаните.


4 views

Comments


bottom of page