Натрапник провалил во куќата на Џони Деп, се истуширал и пиел пијалак од мини барот
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2021
- 1 min read
22.03.2021 Mart ponedelnik
Импресивниот замок на Џони Деп во Холивуд Хилс, вреден 19 милиони долари, вторпат во изминативе два месеца претрпе упад откако во четвртокот бездомник провалил во имотот. Шоубиз медиуми објавија дека полиција била испратена во куќата на sвездата на „Пиратите од Карибите“, каде што осомничениот се истуширал во една од 10-те бањи и си наточил пијалок во домашниот мини бар. Се подрзбира дека Деп (57) не бил дома за време на провалата, а член на неговиот персонал повикал полиција. Натрапникот бил приведен и осомничен за кривично дело вандализам бидејќи ја оштетил влезната врата. Во јануари, една жена влезе во големата резиденција, но веднаш избега откако се активира безбедносниот аларм. Актерот ја купи куќата која наликува на замок од ерата на 20-тите години на минатиот век уште во 1995 година.


Comentários