top of page

Натали Портман отмена во црвено

Натали Портман блесна во црвено на светската премиера на „Пачинко“, што се одржа во Музејот на филмската академија во Лос Анџелес. 40-годишната актерка ги предводеше ѕвездите, вклучително и Јун Ју-јунг и Џими Симпсон, на настанот во Лос Анџелес во средата. Музата на „Диор“, едноствано, изгледа волшебно. „Пачинко“ е лимитирана серија базирана на истоимениот роман на Мин Чин Ли, трагична приказна за припадноста и интегритетот, за надежта да се преживее и да се напредува пред рамнодушната историја. Книгата имаше одлични рецензии. „Магазинот „Пипл“ ја нарече ремек-дело, моќна приказна за издржливоста. „Проблемите со кои се соочуваат имигрантите вознемируваат, но приказната е онаа што плени“. Во фокусот се четири генерации на корејско имигрантско семејство, кои одат по својот пат од Кореја до Јапонија, а потоа и во Америка. Серијата треба да се појави на „Епл ТВ-плус“ на 25 март, а главната улога ја игра оскаровката Јун Ју-јунг.



 
 
 

コメント


bottom of page