top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Наследство“ и „Сквид гејм“ во трка за главната награда „Еми“

„Наследство“, серија во продукција на Ејч-би-о за медиумски могул и неговото раскарано семејство, собра 25 номинации за „Еми“, вклучително и една за престижната награда за најдобра драма. Ќе се спротивстави на јужнокорејскиот трилер „Сквид гејм“ на „Нетфликс инк“, прва серија на неанглиски јазик номинирана за „Еми“. „Сквид гејм“ раскажува приказна за сиромашни луѓе што се натпреваруваат за парична награда, понекогаш со фатални последици. Научнофантастичниот хит на „Нетфликс“, Stranger Things, и Euphoria на Ејч-би-о, за тинејџери што се занимаваат со секс, дрога и социјални мрежи, исто така беа номинирани за статуетката за најдобра ТВ-драма. Стримуваните телевизиски серии доминираат во номинациите продолжувајќи го трендот на публика што преферира да гледа од дома. Ејч-би-о и „Ејч-би-о макс“ добија вкупно 140 номинации. „Нетфликс“ има 105.



1 view

Commentaires


bottom of page