top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Наследникот на британскиот трон набргу ќе биде крунисан

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај и, како што се приближува датумот, многумина се преокупирани со многуте драми и кавги во пресрет на големиот настан. На 74 години Чарлс ќе биде најстариот во историјата што ќе се закити со круна на главата. Настанот доби поделени мислења во Обединетото Кралство. Некои му посакуваат најдобро на неговото кралско височество, други сакаат круната да му биде предадена на неговиот син Вилијам, принцот од Велс, а други бараат целосно укинување на монархијата. Како најстар од децата на кралицата Елизабета, Чарлс е во редот за тронот веќе 70 години, што е рекорд во кралското семејство. На 10 септември Чарлс (официјално принцот од Велс) беше прогласен за крал на церемонија пред Советот за пристапување. Тоа се случи два дена по смртта мајка му, кралицата Елизабета. Сегашниот крал, кој многу долго време познат како принцот Чарлс, може да се дефинира како вечен претендент за британскиот трон. На 73-годишна возраст синот на Елизабета Втора, конечно, ја доби одговорноста што ја чекаше цел живот. Најстариот од четирите деца на кралицата и војводата од Единбург (Филип Маунтбатен), Чарлс, ќе остане запишан во историјата како наследник со најдолг стаж во историјата на британската монархија. Пред него оваа чест ја имаше неговиот прапрадедо Едвард Седми, кој на тронот дојде на 59-годишна возраст. Подготвен, но не толку популарен – сите кралски хроничари велат дека тој е високообразован човек. Тој е бунтовен, да, но има многу јасна идеја за тоа што треба да биде британската монархија. Меѓутоа, неговата подготовка никогаш не го направи еден од најпопуларните членови на британското кралско семејство. Отсекогаш сакал да биде крал – оценката за популарност на Чарлс е, всушност, толку ниска што некои дури предложија негово повлекување од тронот во корист на неговиот најстар син Вилијам. Сепак, Чарлс нема да стори такво нешто бидејќи во неколку наврати јасно стави до знаење дека ќе биде крал по секоја цена. Неговата желба да стане крал, конечно, се оствари, но многумина нема да сакаат да го прегрнат како што направија со мајка му и тој има тежок пример што треба да го следи. Светот ја загуби кралицата Елизабета Втора и многумина се прашуваат дали синот ќе успее да ја прескокне сенката на мајка си и дали ќе биде на висина на задачата. Со нејзиното заминување Чарлс ја доби круната, но и огромен товар и обврска да го задржи статусот на монархијата во срцата на Британците, како што тоа го правеше Елизабета седум децении. Според многумина, смртта на Елизабета Втора го означи почетокот на крајот на врската со британската монархија, која таа ја изгради и зачува цели 70 години. Новата химна вели дека Бог го штити кралот, но – дали Британците ќе го заштитат? Невозможно е да се игнорираат оние што носат транспаренти на улиците: „Тој не е мој крал“. „Укинете ја монархијата“. Тој ги носи товарот на славата и недостижната харизма на својата мајка, факт што, најверојатно, повеќе му се допаѓа на неговиот постар син Вилијам. Чарлс со децении го носеше неблагодарниот епитет на крал во чекање. За Чарлс Трети, важен е балансот меѓу модернизацијата и одржување на прастарата мистика на кралството. Тој од почеток се претставува помалку недостижен од својата мајка, покажува малку повеќе емоции и јасно разбирање на својата улога.




0 views

Comments


bottom of page