НАСА најави две мисии на Венера
Американската вселенска агенција НАСА најави дека планира две мисии на Венера за да ги истражи атмосферата на оваа планета и нејзините геолошки карактеристики. Мисиите имаат буџет од 500 милиони долари, а се планираат во периодот од 2028 до 2030 година.
Администраторот на НАСА, Бил Нелсон рече дека овие мисии може да им дадат шанса да ја истражат планетата по повеќе од 30 години. Последната сонда што ја „посети“ планетата беше орбитерот „Магелан“ во 1990 година. Меѓутоа, оттогаш другите вселенски летала само поминуваа покрај Венера.
Мисиите на Венера се избрани според нивниот научен потенцијал и вредност и според изводливоста на нивните планови за развој. За време на мисиите ќе се проучува како се формирала и еволуирала планетата и дали некогаш на неа имало океан. За време на првата мисија, наречена „Давинчи +“, ќе се направат фотографии со висока резолуција за да се откријат геолошките карактеристики на планетата, додека втората мисија, наречена „Веритас“, ќе ја мапира површината на планетата за да ја разбере нејзината геолошка историја и да истражи зошто еволуирала различно од Земјата.
Притоа ќе се користи еден вид радар за откривање на постоењето на вулкани, како и да се утврди дали сè уште се случуваат земјотреси.
Comments