top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

НАСА ja лансира мисијата „Артемида 1“ на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА конечно го одреди датумот за лансирање на својата ракета СЛС, која ќе го означи почетокот на мисијата „Артемис 1“ на Месечината. Претставниците на НАСА рекоа дека постигнуваат значителен напредок кон лансирањето на ракетата на 29 август ова лето.

Тековните планови на НАСА вклучуваат лансирање на вселенското летало „Орион“ на врвот на ракетата СЛС кон Месечината, а џиновската ракета ќе биде поставена на лансирната рампа на 18 август. Потоа, има три датуми за лансирање, 29 август, 2 септември и 3 септември. За да се изврши лансирањето на 29 август, потребно е сите подготовки да се одвиваат без проблеми, а важно е и временските услови да бидат поволни.

СЛС со вселенското летало „Орион“ треба да се подигне на 29 август, а леталото да се врати на Земјата на 10 октомври. Доколку лансирањето се случи на 2 септември, слетувањето е закажано за 11 октомври. Во случај на лансирање на 5 септември, враќањето на Орион се очекува на 17 октомври.

Ако СЛС биде лансирана, ќе ја изврши мисијата „Артемида 1“, која започнува нова ера на истражување на вселената. Вселенското летало „Орион“ ќе патува околу Месечината и ќе се врати на Земјата со спуштање во Пацификот.

Мисијата „Артемида 2“ ќе го изведе истиот маневар, но овој пат ќе има астронаути во вселенското летало „Орион“. Што се однесува до мисијата „Артемида 3“, таа ќе биде изведена со помош на „Старшип“ на „Спејс екс“ и ќе однесе астронаути на површината на Месечината за првпат од 1972 година. Двете мисии се планирани за 2025 година.

НАСА на 22 август ќе спроведе анализа на подготвеноста за летање, по што дефинитивно ќе се знае дали СЛС ќе лета седум дена подоцна. Пред тоа, НАСА ќе започне со активирање на системот за завршување на летот на СЛС на 11 август. Овој систем е програмиран да ја уништи ракетата доколку по лансирањето излезе од курсот. Системот може да се активира само од вселенскиот центар „Кенеди“, а батериите мора да се полнат за да работат независно од електроенергетскиот систем на ракетата.


2 views

Comments


bottom of page