Наполи ќе му ја исполни желбата на незадоволниот стартер во првиот тим
Марио Руи ги брани боите на Наполи од 2017-та година и е еден од најискусните играчи во првиот тим на актуелниот првак, па токму поради тоа доста реакции предизвика изјавата која ја даде неговиот агент.
Претставникот на левиот бек јавно се побуни за тешките преговори со Аурелио Де Лаурентис и се закани дека неговиот клиент ќе си замина до крајот на летниот преоден рок доколку не добие нов договор, а поставениот ултиматум по се изгледа вроди со плод.
„Скај Италија“ пренесува дека газдата на Наполи решил да го повтори рецептот со капитенот Ди Лоренцо и истиот да го примени за Марио Руи, па сега дефанзивецот ќе го добие тоа што го посакува.
Руи ќе стави потпис на нов договор во важност до 2026-та година и со тоа ќе ја осигура својата иднина во клубот, кој за него останал приоритет и покрај напорните преговори со првиот човек Де Лаурентис.
Португалецот е вториот првотимец кој ќе стави потпис на нов договор ова лето, но во меѓувреме се уште траат преговорите меѓу клубот и Наполи за слично сценарио и со Виктор Осимен.
Comments