Наполи размислува да го „шутне“ Гарсија, три имиња се во игра како негов наследник
- Aleksandar Santovski
- Oct 9, 2023
- 1 min read
Наполи не изгледа како шампионски тим во оваа сезона и веќе по осум кола има сериозен минус од седум бода во однос на лидерот Милан во Серија А.
Наполитанците вчера загубија од Фиорентина со 3-1 што за нив е втор сезонски пораз во својата тврдина, вкупно трет ако се земе во предвид и оној од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Дефинитивно нешто не функционира во таборот на калчолигашот и цената за тоа може да ја плати тренерот Руди Гарсија.
Медиумите на Апенините пренесуваат дека претседателот Аурелио Де Лаурентис веќе размислува да му врачи отказ, поточно ова е идеално време да се направи такво нешто затоа што е репрезентативна пауза и ќе има простор да донесе нов тренер.
Исто така во јавноста се споменуваат три имиња кои можат да го наследат Гарсија-тоа се Игор Тудор, Марко Џампаоло и Антонио Конте.

Comments