Наоми Кемпбел заштитно лице на новата колекција на „Барбери“
19.07.2021 Juli Ponedelnik
Британската манекенка Наоми Кемпбел е заштитно лице на новата колекција на модната куќа „Барбери“, наречена „Монограм на летото“.
Колекцијата содржи бикини со ленти, панталони со низок струк, фустан со средна големина, комбинезон и други парчиња.
– Сакавме да го покажеме оптимизмот што доаѓа со летото и чувството на елан што владее во овој период. Наоми беше нашиот прв и единствен избор – изјави дизајнерот Рикардо Тисци.
Кемпбел исто така упати пофалби до него.
– Волшебно е да се соработува со Рикардо. Има единствена визија и секогаш успева да го извлече мојот максимум – изјавила Наоми.
Таа навела дека ѝ било чест да работи со бренд како „Барбери“, основан 1856 година во Лондон, а денес се смета за модна институција.
– Барбери-стилот воспоставува трендови. Тоа не е само облека туку и начин на живот – изјави познатата манекенка.
Comentários