Наоми Кембел позираше топлес во Африка, со силна порака кон светот
26.02.2021 februari petok
Англиската манекенка Наоми Кембел (50) повторно покажа дека е неприкосновена дури и на возраст од 51 година, кога позираше за насловната страница на едно списание во Кенија.
Поранешниот топ-модел и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“ се соблече топлес за снимање и покажа дека изгледа совршено и младешки.
Таканаречената Црна пантерка, која влезе во светот на моделството на 15-годишна возраст, сепак изгледа одлично за нејзините години, па многу жени ширум светот можат да и завидат на нејзиното згодно тело и убаво лице, а сите велат дека изгледа најмалку 10 години помлада.
Таа позираше за списанието „i-D“ во Кенија, каде што има куќа, па рече:
„Кога ќе ги видите овие слики, се надевам дека ќе видите дека Кенија е убава, дека Африка е убава“, рече Наоми.
„Мислам дека луѓето сега навистина ќе го отворат својот ум и ќе почнат да сфаќаат дека вистинската убавина е во Африка. Има толку скапоцености, толку многу скриени тајни. Доаѓам овде од 1994 година и сè уште ги откривам работите“, истакна Црната пантерка.
„Горда сум што сум дел од снимањето со млади креативци, кои ја имаат мојата боја на кожа“, истакна таа.
„Кога сум во Кенија, има денови кои се помалку хаотични од другите, но јас сум секогаш зафатена. Во моментов сум повнимателна поради ситуацијата со коронавирусот, но повторно ги посетив децата во сиропиталиштето што ги поддржувам, не сакав да ги изневерам. Сакам да досегнам што е можно повеќе луѓе. Сакам да ширам свест. Има дел од мене каде што, ако сакам нешто, сакам светот да знае за тоа“, рече Наоми и истакна колку е важно да им се помага на децата без родители.
Убавата манекенка е родена во Лондон. Нејзината мајка е од Јамајка, но никогаш не го запознала својот татко. Таа отсекогаш се занимава со хуманитарна работа и им помага на децата во сиропиталиштата ширум светот, претежно во Африка.
Comments