top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Наоми Еки е Витни Хјустон во биографскиот филм за познатата пејачка

Студиото „Сони пикчрс“ го објави првиот трејлер за филмот за животот и музичката кариера на Витни Хјустон. Филмот се вика „I Wanna Dance With Somebody“ по еден од најголемите хитови на познатата пејачка. Витни е портретирана во филмот од Наоми Еки, англиска актерка што стана позната по улогата во блокбастерот „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ (2019). – Филмот е моќна и триумфална прослава на неспоредливата Витни Хјустон. Тоа е портрет на сложената и мултиталентирана жена зад еден од најпрепознатливите гласови во поп-музиката досега. Тој го прикажува нејзиното патување од девојка од хорот во Њу Џерси до една од најпродаваните и најнаградувани музички изведувачи на сите времиња. Гледачите ќе бидат однесени на инспиративно, трогателно и многу емотивно патување низ животот и кариерата на Хјустон, со нејзините неспоредливи песни и изведби – се вели во синопсисот на филмот.

Боби Браун, познатиот пејач и сопруг на покојната пејачка, го игра Ештон Сандерс, нејзината мајка Сиси ја игра Тамара Тани, а Кларк Питерс го игра нејзиниот татко Џон. Најголемото име во филмот е Стенли Тучи, кому му беше доверена улогата на музичкиот продуцент Клајв Дејвис, кој ја направи Витни ѕвезда.

Биографскиот филм за една од најголемите поп-диви на сите времиња ќе биде премиерно прикажан на 21 декември.


1 view

Comments


bottom of page