Наместо да добие честитки, новата Мис Шри Ланка беше нападната од претходничката
09.04.2021 April Petok
Радоста на победничката на овогодинешниот избор за убавина на Шри Ланка беше краткотрајна. Само момент откако круната се најде на главата на Пушпика Де Силва, поранешната победничка, Каролин Јури, ја нападнала со цел да ѝ ја одземе круната. Нападот бил поради наводно кршење на правилата, пренесуваат светските медиуми.
– Постои правило што забранува учество на жените кои се разведени, затоа преземам чекор круната да премине на второ место – им рекла Јури на присутните во салата, додека Де Силва расплакана ја напуштила сцената.
За да се квалификуваат за титулата за убавина, натпреварувачите мора да бидат во брак. Де Силва е разделена од нејзиниот сопруг, но тие сѐ уште законски се во брак.
Свеченоста, која била пренесувана во живо на националната телевизија, ги вознемири и збуни гледачите. Во инцидентот, Де Силва се здоби со повреди на главата.
Полицијата ги уапсила Јури и нејзината придружничка. Де Силва на социјалните медиуми им објасни на обожавателите дека таа сѐ уште не е разведена, и дека по нападот страда од депресија, но е подготвена да не ја тужи Јури доколку таа јавно ѝ се извини.
Жирито подоцна ѝ ја врати титилата на Де Силва. По инцидентот следуваа и бројни критики од обожавателите, кои сметаат дека жирито требало подетално да ги провери податоците на кандидатките, со цел да не дојде до вакви ситуации.
Comments