Наковска-Бикова шеста во првиот настап на стрелиштето во Токио
31.08.2021 Avgust Vtornik
Стрелачката и единствена македонска натпреварувачка на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, Оливера Наковска-Бикова, заврши на шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри. Тоа беше нејзин прв од предвидените три настапи во Токио.
Македонската претставничка беше осма во квалификациите, а во финалето успеа да го подобри пласманот постигнувајќи резултат од 147,9. Златниот медал го освои Иранката Иранката Јаванмарди, со сребро се закити Турчинката Пехливанлар, додека Давид од Унгарија стигна до бронза.
Наковска-Бикова ја очекуваат и настапите во дисциплините спорт пиштол од 25 метри (в четврток) и пиштол слободен избор од 50 метри (в сабота).
Златото и припадна на , додека сребрена заврши од Турција. Бронзениот медал во оваа дисциплина беше за Давид од Унгарија.
Comentários