top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Наковска-Бикова рано наутро ќе го има првиот настап

Updated: Aug 31, 2021

30.08.2021 Avgust Ponedelnik

ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО

Таа ќе се натпреварува во квалификациите во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, утре од 2.30 часот по средноевропско време. На ПОИ ја очекуваат и настапите во дисциплините спорт пиштол од 25 м (в четврток) и пиштол слободен избор од 50 м (в сабота)

Стрелачката и единствена македонска натпреварувачка на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, Оливера Наковска-Бикова, утре рано наутро во 2.30 часот по средноевропско време ќе го има својот прв од предвидените три настапи на стрелиштето во Токио.

Таа ќе настапи во квалификациите во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри. Финалето е од 5 часот наутро. Подоцна ја очекуваат и настапите во дисциплините спорт пиштол од 25 метри (в четврток) и пиштол слободен избор од 50 метри (в сабота). Наковска-Бикова ја врзуваат убави спомени во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, оти токму на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година, таа го освои златниот медал. – Засега сѐ функционира како што е предвиденото. Тренираме, „дотеруваме“, анализираме, се подготвуваме, очекуваме… Сѐ e нормално како и обично. Фокусирани сме на настапите, конкуренцијата е сериозна, ние исто така максимално сме посветени на настапот. Ќе се бориме – ни изјави Бранимир Јовановски, селекторот на параолимписката репрезентација на Македонија и тренер на Наковска-Бикова.

Наковска-Бикова и во дисциплината со воздушен пиштол од 25 метри има извонреден резултат, кога всушност и ја исполни нормата за настап на ПОИ во Токио. Тоа се случи на Светското првенство (СП) во Чеонгју (Јужна Кореја), во мај 2018 година. Таа во квалификациите со 570 погодени круга го израмни светскиот рекорд, во конкуренција на 31 натпреварувачка, а во финалето го освои бронзениот медал. Нејзиниот настапот во Токио ќе ѝ биде петти во низа на ПОИ.


1 view

Comments


bottom of page