top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надежите на Сеишин со четири бронзи

ЏУДО – 17. ТУРНИР „МЛАДОСТА НА ЕВРОПА“

Младите надежни џудисти на прилепскиот клуб Сеишин, предводени од тренерот Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески, освоија четири бронзени медали на 17-от по ред меѓународен турнир „Младоста на Европа“, кој се одржа во Ниш, Србија. Во категоријата деца, со бронзени медали се закитија Ване Ацески (до 34 кг), Марио Конески (до 46 кг) и Матеја Николоска (до 28 кг). Во возрасната категоријата, пак, помлади пионери, тоа ѝ успеа на Теодора Илиоска (до 48 кг). Одлични борби, но без освоен медал прикажа Тамара Илиоска (до 48 кг). На турнирот во Ниш учествуваа околу 440 натпреварувачи од џудо- клубови од Македонија, Русија, Грција, Бугарија и од Србија. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page