Search
Надал ќе ја отвори годината со турнир во Мелбурн
- Aleksandar Santovski
- Dec 10, 2021
- 1 min read
Некогашниот најдобар тенисер на светот, Рафаел Надал ќе ја отвори 2022 година со настап на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн кој е закажан за стартот на јануари.
Ова за Шпанецот ќе биде прв официјален турнир по оној во Вашингтон, па ќе може да се види каква е негоата состојба и дали целосно ја има надминато повредата, проблемите со стапалото. Во Мелбурн ќе играат и Нишикори, Опелка, Димитров, Пер, Библик, Андерсон…што значи ќе има квалитетни ривали.
Претходно како што е познато Рафа ќе биде дел од егзибицијата во Абу Даби каде ќе одигра неколку мечеви.






Comments