top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал: Ѓоковиќ нема физички проблеми, тој е во најдобра позиција да биде рекордер

И вториот грен слем во оваа 2022 година заврши со победа на Рафаел Надал кој беше најдобар на неговиот омилен турнир Ролан Гарос.

Шпанецот се соочуваше со проблеми со стапалото, но пронајде начин таа болка да ја стави во мирување (инјекции) и со добри партии да дојде до 14. трофеј на Френч Опен, односно до 22 триумф на најголемите турнири на светот со што сега има плус два на вечната листа во однос на второпласираните Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Сепак Рафа верува дека може да биде надминат и тоа од Ѓоковиќ кој е најмлад, најфит од таа голема тројка.

-Сè може да се случи. Јасно е дека Новак е во најдобра позиција да го собори тој рекорд бидејќи нема физички проблеми и игра на спектакуларно ниво, -вели Надал кој се осврнува и на Федерер.

-Федерер е надвор од терените подолго време. Од него секогаш може да се очекува нешто посебно, но сите знаеме колку е тешко да се вратиш, уште потешко на 40 години. Ќе видиме што ќе се случи. Како што секогаш велев, не ми пречеше кога бевме изедначени, а и сега кога имам уште два слемови. Само сакам да продолжам да се натпреварувам, -истакна кралот на земјата кој воопшто не размислува за календарски грен слем.

-Лудо е да се размислува за грен слем дури и ако сум во совршена состојба, бидејќи тоа никој не го направил тоа од Род Лејвер (1969). Ѓоковиќ беше најблиску минатата година. Повеќе од освојување на слемови би бил задоволен на настапувам на сите четири, -заклучи бикот од Мајорка.


1 view

Comments


bottom of page