top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Надал: Ѓоковиќ е подобра личност од тоа што го прикажува во јавноста!

15.02.2024 Februari Cetvrtok

Рафаел Надал го откажа учеството на турнирот во Катар и нагласи дека главен фокус ќе му биде да се појави на Индијан Велс, а откако ја соопшти оваа одлука, Шпанецот стана доста популарен во својата земја поради опширното интервју кое го направи за телевизијата „Ла Секста“ во разговор со Ана Пастор.

„Кралот на земјата“ се опоправува од повредата во Бризбејн и крајна цел му е да биде најдобро подготвен за сезоната на земјена подлога, но како по обичај, од целосниот разговор најголемо внимание привлекоа изјавите кои ги даде за своите најголеми ривали во кариерата, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Надал има фантастичен однос со Швајцарецот и доста поладен со Србинот, но проговори и за лицето на светскиот рекет број еден надвор од тенискиот терен, она кое не можат да го видат обичните фанови.

– Мојот однос со Федерер е многу добар, но не би рекол дека сме пријатели. Зборот пријател е многу силен, јас имам пријатели од почетокот на мојот живот. Рожер беше мој фантастичен колега и станува збор за семејна и извонредна личност.

– Ѓоковиќ? Личноста која ја дава за себе во јавноста е полоша од тоа што е во реалност. Новак е добра личност, прави грешки како и секој обичен човек. Тој е многу подобра личност од тоа што се прикажува на телевизија. Новак знае да го акумулира гневот на позитивен начин. Го крши рекетот, а веќе во следниот поен е максимално концентриран и поради тоа оствари најмногу во историјата на нашот спорт. Бројките не лажат, тој е најдобар во историјата, – вели Надал.


6 views

Comments


bottom of page